ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА МЛАДИ МУЗИЧАРИ ”ОХРИДСКИ БИСЕРИ” - 2015

 

Интернационалниот натпревар за млади музичари

Охридски бисери” ќе се одржи од 15 до 21 јуни во Охрид

ДИСЦИПЛИНИ

Соло:  Флејта               Труба

    Обоа                  Хорна

    Кларинет          Хармоника

    Саксофон        Камерна музика

 

Учесниците можат да се натпреваруваат во следните категории според нивната возраст:

Категории за дувачки инструменти:

Предкатегорија -     родени 2002 и помлади

А – категорија             -     родени 2000 и помлади

Б – категорија             -     родени 1996 и помлади

Ц – категорија             -     родени 1990 и помлади

Категории за камерна музика:

А – категорија          - родени 2000 и помлади

Б – категорија          - родени 1996 и помлади

Ц – категорија          - родени 1900 и помлади    

Камерна музика:    

Дувачко дуо (два дувачки инструменти)

Клавирско трио (два дувачки инструменти пијано)

Дувачки квартет   

Дувачки квинтет   

Хармоника дуо, трио, квартет, квинтет (хармоники)   

 

ПРОГРАМА НА ОХРИДСКИ БИСЕРИ - 2015            

 

ПРИЈАВЕН ЛИСТ:

  Може да го симнете овде               

 

 

 

ПРАВИЛА и ПРОПИСИ:

  • · Натпреварот е отворен за музичари од сите националности.
  • · Натпреварот е јавен без надомест за Радио и ТВ снимање и репродукција, вклучувајќи и интернет трансмисија. Снимките се во трајна сопственост на организаторот и со нив ќе располага спрема неговите потреби.
  • · Сите композиции во солистичките дисциплини се изведуваат на памет.
  • · Наградите освен во предкатегорија и А – категорија се неделиви и се доделуваат на само еден натпреварувач.
  • · Етапите се елиминаторни.
  • · Не е дозволено повторување на едно дело во две етапи. На барање на организаторот натпреварувачот е должен да го достави нотниот текст на композицијата што ја изведува.
  • · Секој натпреварувач ќе има термин за расвирување пред настапот.
  • · Организаторот ќе обезбеди простор за вежбање од пристигнувањето во Охрид до времето на нивниот настап.
  • · Натпреварувачите по доаѓањето во Охрид потребно е да се регистрираат во секретаријатот (во Основно Музичко Училиште “Методи Патче”, ул. „Никола Карев“ бр. 4, 6000 Охрид, Македонија) и тоа еден ден пред настапот.
  • · Сите кандидати се должни по барање на организаторот пред настапот да приложат потврда за платена котизација.
  • · Правилата и прописите на овој натпревар се објавени на два јазици – Македонски и Англиски. Македонскиот текст има приоритет во било каков спор во врска со толкувањето на правилата и прописите на овој натпревар.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ЖИРИ:

  • · Натпреварот го следи интернационално жири од најмалку 5 члена составен од врвни музички педагози –www.ohridskibiseri.org.mk
  • · Жирито работи по правилник во кој се опфатени сите сегменти на натпреварот .
  • · На натпреварувачите не им е дозволена комуникација со членовите на жирито до завршување на натпреварот.
  • · Членовите на жирито немаат право да оценуваат кандидати со кои се во роднинска или педагошка врска во последните 12 месеци пред почетокот на натпреварот.
  • · Одлуките на жирито се неотповикливи.
  • · Жирито има право да не ги додели сите награди.
  • · По завршување на натпреварот секој учесник има право на разговор со членовите на жирито во врска со неговиот понатамошен развој.

КОРЕПЕТИТОР

  • · Натпреварувачите сами обезбедуваат     корепетитор.
  • · Натпреварувачите кои не можат да обезбедат корепетитор ќе имаат на располагање професионални корепетитори за хонорар од:
  •   30 евра     Предкатегорија,   
  •   40 евра     А категорија
  •   60 евра     В категорија
  •   70 евра     С категорија
  • · Овие натпреварувачи се должни да испратат фотокопии од сите композиции кои ќе бидат изведени на натпреварот најдоцна до 15 Мај 2015 год.

ПАТНИ ТРОШОЦИ И СМЕТУВАЊЕ

  • · Натпреварувачите сами ги покриваат трошоците за пат и престој во Охрид.
  • · За кандидатите што е потребна виза за влегување во Македонија, организаторот обезбедува гарантно писмо.

 

ПРИЈАВИ, ДОКУМЕНТИ И КОТИЗАЦИЈА

  • · Краен рок за пријавување е 30 Април 2015 година.

Потребни документи:

  • · Пријава и кратка биографија на кандидатот;
  • · Фотокопија од пасош, лична карта или извод од матичната книга на родените;
  • · Програма;
  • · Фотографија (формат пасош, задолжително);
  • · Адреса;
  • · Е-меjл и телефонски број;
  • · Потврда за платена котизација на износ од:
  •   Предкатегорија         20 евра
  •   А-категорија             30 евра
  •   В-категорија             40 евра
  •   С-категорија             50 евра
  •   Камерна музика       20 евра по учесник во сите категории

Уплатено на име:

Музички и балетски педагози
жиро сметка 300-00000-10380-33

Комерцијална банка АД Скопје

Адреса на банката: Кеј Димитар Влахов 4

Е.Д.Б 4030957352392
За странци IBAN M.K     07300701000819229

            SWIFT код: KOBSMK2X

 

  • · Кандидатите без платена котизација нема да бидат земени во предвид.
  • · Во случај на откажување котизацијата не се врака.

ДИПЛОМИ

  • · Во сите дисциплини и категории ќе се доделат дипломи за освоено:
  •   Прво место
  •   Второ место
  •   Трето место
  •   Пофалница
  • · Наградите во солистичките дисциплини во А,Б, Ц категорија се неделиви.
  • · Сите учесници ќе добијат дипломи за учество.

ФИНАЛЕ:   

  • · Завршниот концерт (во понатамошниот текст финале) претставува финална  етапа на натпреварот, каде натпреварувачите ќе имаат можност да освојат парични награди.

Солистички дисциплини:

  • · Во финалето ќе настапат кандидати од А,Б, Ц категорија кои освоиле прва награда, со по една композиција од зададената програма.
  • · Во финалето задолжително ќе настапи кандидатот од Пред категорија со освоена прва награда со највисоки бодови, со по една композиција од зададената програма.

Камерна музика:

  • · Во финалето ќе настапат состави со освоена прва награда со највисоки бодови од А, Б, Ц категорија со по една композиција од зададената програма.

Горе споменатите прво-наградени натпреварувачи се должни да настапат на финалниот концерт, во спротивно наградата ќе им биде одземена.

ПАРИЧНИ НАГРАДИ   

  • · Парични награди ќе се доделат на учесниците кои ќе настапа во финалето и ќе освојат:

Прва награда:                                                                                                         

Гран При     “Охридски бисери”  

                          Златна плакета        + 800 евра

Втора награда:   Сребрена плакета    + 500 евра

Трета награда:    Бронзена плакета    + 300 евра

СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ   

  • · Фондацијата “Томислав Зографски” по предлог на комисијата доделува наградa за најдобра изведба на дело од композиторот Томислав Зографски (како слободен интегриран дел во програмата):    

 

Наградата содржи Диплома и Реплика на стар македонски национален накит.

 

  • СОКОМ (Сојуз на композитори на Македонија) доделува награда од
    100 евра за најдобра изведба на композиција од Македонски композитор (како слободен дел од програмата) во избор од следниве композиции достапни на следниов линк.

 

  • · EMCY (European Music Competitions for Youth) доделува специјална награда за исклучителна музичка изведба. Наградата се состои од дипломи и промоција на страната на EMCY:    

http://www.emcy.org/projects-prize.html

 

Сите додатни информации ќе ги добиете на телефон:

Тел.                         ++ 389 77 914 974     - Ѓорѓе Улишев

                               ++ 389 70 217 762     - Борис Светиев (за англиски јазик)

Faks:                      ++ 389 46 269 139

е-мејл This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Website: www.ohridskibiseri.org.mk   

Адреса: Основно Музичко Училиште “Методи Патче”
ул. „Никола Карев“ бр. 4
6000 Охрид
Македонија