Почитувани натпреварувачи,

По внимателно разгледување на состојбата се одлучивме новиот термин за одржување на Охридски Бисери да биде 27-30 август 2020 г. Исто така објавуваме и нов рок за пријавување заклучно со 30ти јуни 2020 г.

Оние од вас кои веќе се пријавиле за време на првиот рок за пријавување немаат потреба да се пријавуваат повторно, вашата апликација автоматски ќе важи за новиот термин на натпреварот. Доколку имате потреба нешто да промените во вашата апликација тоа може да го сторите со помош на линкот за едитирање кој сте го добиеле при првото пријавување. Во случај да не сте во можност да го најдете линкот за едитирање можете да го контактирате Борис Светиев на svetievboris@gmail.com со барање линкот повторно да би биде испратен.

И покрај неизвесноста на целата ситуација со КОВИД-19 во нашата земја и во Европа искрено се надеваме дека до крајот на август состојбата ќе бие воглавно нормализирана. Во поглед на организацијата на натпреварот ќе се придржуваме до сите препораки од страна на нашето министерство за здравство како и советите на СЗО. Понатамошни известувања може да следите на нашата страница за вести како и нашата ФБ страна.

Чувајте се, вежбајте и се надеваме дека ќе имаме прекрасен летен августовски натпревар во Охрид.

Categories: Вести