ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА МЛАДИ МУЗИЧАРИ “Охридски Бисери” 2020 – Охрид, Македонија

Интернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери” ќе се одржи од 15 до 21 јуни 2020 во Катедралната црква “Св. Софија” – Охрид

ДИСЦИПЛИНИ:

Соло:                             Пијано

                                        Виолина

Камерна музика:       Пијано дуо (четворорачно)

                                        Дуо (два гудачки инструменти)

                                        Клавирско трио (виолина, виолончело, пијано)

                                        Гудачки квартет

Учесниците можат да се натпреваруваат во следните категории според нивната возраст:

Категории за соло виолина и соло пијано:

Предкатегорија –  родени 2011 и помлади

А – категорија    –  родени 2008 и помлади

Б – категорија    –  родени 2005 и помлади

Ц – категорија    –  родени 2001 и помлади

Д – категорија    –  родени 1995 и помлади

Категории за камерна музика:

А – категорија – родени 2008 и помлади

Б – категорија    – родени 2005 и помлади

Ц – категорија    – роден   2001 и помлади

Д – категорија    – родени 1995 и помлади

ПРАВИЛА и ПРОПИСИ:

  • Натпреварот е отворен за музичари од сите националности.
  • Добитниците на гран при наградата „Охридски Бисери“ од изминатите изданија на натпреварот немаат право на повторно учество.
  • Натпреварот е јавен без надомест за Радио и ТВ снимање и репродукција, вклучувајќи и интернет трансмисија. Снимките се во трајна сопственост на организаторот и со нив ќе располага спрема неговите потреби.
  • Сите композиции во солистичките дисциплини се изведуваат на памет (со исклучок таму каде е поинаку наведено во програмата за категориите).
  • Наградите (освен во соло дициплини предкатегорија и А – категорија како и камерна музика предкатегорија) се неделиви и се доделуваат на само еден натпреварувач.
  • Етапите се елиминаторни.
  • Не е дозволено повторување на едно дело во две етапи. На барање на организаторот натпреварувачот е должен да го достави нотниот текст на композицијата што ја изведува.
  • Секој натпреварувач ќе има термин за расвирување пред настапот.
  • Организаторот ќе обезбеди простор за вежбање од пристигнувањето во Охрид до времето на нивниот настап.
  • Натпреварувачите по доаѓањето во Охрид потребно е да се регистрираат во секретаријатот (во Основно Музичко Училиште “Методи Патче”, ул. „Никола Карев“ бр. 4, 6000 Охрид, Македонија) и тоа еден ден пред настапот.
  • Правилата и прописите на овој натпревар се објавени на два јазици – Македонски и Англиски. Македонскиот текст има приоритет во било каков спор во врска со толкувањето на правилата и прописите на овој натпревар.

ПРЕДСЕЛЕКЦИЈА

  • Соло категорииите А. Б. Ц и Д содржат и етапа за онлајн предселекција.
  • Соло предкатегорија и сите категории за камерна музика не содржат етапа за онлајн предселекција со што апликациите за тие категории се квалификуваат директно во натпреварувачкиот дел од натпреварот.
  • Програмата за предселекцијата е наведена во програмите за секоја поединечна дисциплина и категорија.
  • Програмата за предслекција треба да е снимена во видео формат (било каков квалитет, вклучително и и снимки со телефон се дозволени) и закачена на Youtube. Линковите од снимката или снимките треба да се копираат и вметнат во соодветното поле на онлајн формуларот за регистрација.
  • Оние очесници кои ќе ја поминат предселекцијата и ќе се квалификуваат за учество во натпреварот ќе бидат известени по и-мејл.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ЖИРИ:

  • Натпреварот го следи интернационално жири од најмалку 5 члена составен од врвни музички педагози – ohridskibiseri.org.mk
  • Жирито работи по правилник во кој се опфатени сите сегменти на натпреварот .
  • На натпреварувачите не им е дозволена комуникација со членовите на жирито до завршување на натпреварот.
  • Членовите на жирито немаат право да оценуваат кандидати со кои се во роднинска или педагошка врска во последните 12 месеци пред почетокот на натпреварот.
  • Одлуките на жирито се неотповикливи.
  • Жирито има право да не ги додели сите награди.
  • По завршување на натпреварот секој учесник има право на разговор со членовите на жирито во врска со неговиот понатамошен развој.

КОРЕПЕТИТОР

  • Натпреварувачите сами обезбедуваат корепетитор.
  • Натпреварувачите кои не можат да обезбедат корепетитор ќе имаат на располагање професионални корепетитори за хонорар (платен во готово директно на корепетиторот) од:

30 евра Предкатегорија

40 евра A – категорија

50 евра B, С – категорија

70 евра Д – категорија

  • Овие натпреварувачи се должни да испратат копии во PDF од сите композиции кои ќе бидат изведени на натпреварот преку онлајн формуларот за пријавување.

ПАТНИ ТРОШОЦИ И СМЕСТУВАЊЕ

  • Натпреварувачите сами ги покриваат трошоците за пат и престој во Охрид.
  • За кандидатите што е потребна виза за влегување во Македонија, организаторот обезбедува гарантно писмо.

ПРИЈАВИ, ДОКУМЕНТИ И КОТИЗАЦИЈА

  • Краен рок за пријавување е 30 Март 2020 година

Потребни документи:

  • Пријава и кратка биографија на кандидатот;
  • Youtube линк од видео снимка со материјалот за предселекција (не важи за соло предкатегории и сите категории за камерна музика);
  • Фотокопија од пасош, лична карта или извод од матичната книга на родените;
  • Програма;
  • Фотографија (формат пасош, задолжително);
  • Адреса;
  • Е-меjл и телефонски број;
  • Уплатена котизација на износ од:

Предкатегорија     20 евра

А-В категорија       30 евра

С – категорија       40 евра

Д – категорија      50 евра

Камерна музика  20 евра по учесник во сите категории

  • Уплаќањето на котизацијата се врши исклучиво по електронски пат на нашиот веб сајт со помош на платежна картичка.
  • Соло категориите А, Б, Ц и Д кои имаат предселекција треба да платат само 50% од котизацијата при нивната регистрација. Останатите 50% од котизацијата ќе ја платат само оние натпреварувачи кои ќе ја поминат предселекцијата и ќе се квалификуваат за учество на натпреварот. Уплаќањето ќе биде исто по електронски пат со платежна картичка.
  • Учесниците во предкатегорија како и сите категории за камерна музика треба да го платат целиот износ на котизацијата при нивната регистрација.
  • Кандидатите без платена котизација нема да бидат земени во предвид.
  • Во случај на откажување котизацијата не се враќа.
  • Пријавувањето ќе се одвива целосно и исклучиво преку Гугл формулар за пријавување на учесниците чиј линк ќе биде достапен на веб страната www.ohridskibiseri.org.mk

ДИПЛОМИ

  • Во сите дисциплини и категории ќе се доделат дипломи за освоено:

Прво место

Второ место

Трето место

Пофалница

  • Наградите во солистичките дисциплини во Б, Ц и Д категорија, како и камерна музика во А, Б и Ц категорија се неделиви.
  • Сите учесници ќе добијат дипломи за учество.

ФИНАЛЕ:

  • Завршниот концерт (во понатамошниот текст финале) претставува финална етапа на натпреварот, каде натпреварувачите ќе имаат можност да освојат парични награди.

Солистички дисциплини:

  • Во финалето ќе настапат кандидати од Б, Ц и Д категорија кои освоиле прва награда, со една композиција по избор од пријавената програма во консултација со жирито.
  • Во финалето ќе настапи кандидатот од А категорија со освоена прва награда со највисоки бодови, со една композиција по избор од пријавената програма во консултација со жирито.

Камерна музика:

  • Во финалето ќе настапат состави со освоена прва награда со највисоки бодови од А, Б, Ц и Д категорија со една композиција од зададената програма во консултација со жирито.

Горе споменатите прво-наградени натпреварувачи се должни да настапат на финалниот концерт, во спротивно ќе бидат дисквалификувани и наградата нема да им биде доделена.

ПАРИЧНИ НАГРАДИ

  • Парични награди ќе се доделат на учесниците кои ќе настапа во финалето и ќе освојат:

Прва награда:      Гран При  “Охридски бисери”
                                 Златна плакета      + 3000 евра

Втора награда:    Сребрена плакета           + 2000 евра

Трета награда:     Бронзена плакета           + 1000 евра

СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ

По повод 250 години од раѓањето на Л. ван Бетовен ќе биде доделена награда за најдобра изведба на дело од Л. ван Бетовен во секоја дисциплина (пијано, виолина и камерна музика). Фондот за оваа награди изнесува 1000 евра и истиот ќе биде подеднакво распределен помеѓу сите три дисциплини.

Јамаха – До Ре Ми (официјален претставник за YAMAHA) по предлог на комисијата доделува една Клавинова на најдобро рангираниот македонски натпреварувач од дисциплината соло пијано.

Фондацијата “Томислав Зографски” по предлог на комисијата доделува наградa за најдобра изведба на дело од композиторот Томислав Зографски  (како слободен интегриран дел во програмата). Фондацијата доделува две одделни награди – по една за пијано и за виолина.

Наградата содржи  Диплома и Реплика на стар македонски национален накит.

“Десет минијатури 1” за пијано соло оп. 6

“Свита за пијано соло” оп. 27 (1960)

“Свита“  за виолина и пијано (виолина) (клавирска партитура)

 “Песна” за соло виолина 

  • Пијано Предкатегорија, А, Б и Ц категорија: избор од минијатури
  • Пијано Д – Категорија: 6 контрастни минијатури или Свита за пијано соло оп. 27 (1960)
  • Виолина: А, Б, Ц – Категорија „Свита“  за виолина и пијано
  • Виолина Д – Категорија:  „Песна“ за соло виолина

СОКОМ (Сојуз на композитори на Македонија) доделува награда од 100 евра за најдобра изведба на композиција од Македонски композитор (како слободен дел од програмата) во избор од следниве композиции:

ЗА ВИОЛИНА:

ЗА ПИЈАНО:

СМУМ (Сојуз на музички уметници на Македонија) доделува награда на најдобро рангирани македонски изведувачи.

Наградата се состои од концерт во рамките на фестивалот “ЗЛАТНА ЛИРА“

Универзитетот од Сан Франциско – USA доделува 2 стипендии од по 30.000 долари на најдобрите виолинисти.

EMCY (European Music Competitions for Youth) доделува специјална награда за исклучителна музичка изведба. Наградата се состои уметничка графика од германски уметник Gottfried Jager и промоција на страната на EMCY.

Сите додатни информации ќе ги добиете на телефон:

Тел.       ++ 389 70 534 462  – Ѓорѓе Улишев

++ 389 70 217 762  – Борис Светиев

Faks:     ++ 389 46 269 139

е-мејл                  ohridskibiseri@yahoo.com

Website:              www.ohridskibiseri.org.mk

Адреса:               Основно Музичко Училиште “Методи Патче”
ул. „Никола Карев“ бр. 4
6000 Охрид
Македонија