Пријавувањето ќе се одвива целосно и исклучиво преку Гугл формулар за пријавување на учесниците достапен на следните линкови:

Пријава за соло дисциплини

Пријава за камерна музика

Напоменуваме дека при пополнувањето на формуларот за пријавување задолжително е користење на имејл адреса на Gmail како би можеле да се прикачат сите неопходни документи. Не е можно коирстење на имејл адреси од други домејни.

Исто така доколку вашата категорија има етапа за претселекција ќе треба да го внесете и Youtube линкот од вашето снимено видео со материјалот за претселекција.

По пополнувањето на Гугл формуларот за пријавување ќе треба да извршите уплата на средствата за партиципација на следниот линк:

Уплата за партиципација

Како и уплата на средства за пијано придружник задолжитлено само за оние кои бараат да им биде доделен официјален пијано придружник од Охридски Бисери по објавувањето на резултатите од претселкција:

Уплата за пијано придружник

Уплатата ќе се врши онлјан со помош на кредитна или дебитна картичка. Прифатени се картичките на Visa, Mastercard и Maestro.

Сумите за уплата се израчунати во денари, а за категориите со претселекција се уплаќа само 50% од сумата за партиципација. По објавувањето на резултатите од претпселекцијата оние кандидати кои ќе ја поминат претселекцијата ќе треба да ги уплатат останатите 50% од сумата за партиципација.

Ја очекуваме вашата пријава и средба во прекрасниот Охрид.