Меѓународното натпреварување на млади музичари “ОХРИДСКИ БИСЕРИ” се одржува на годишно ниво од 2002 година во прекрасниот амбиент на Охридското Езеро. Ние веруваме дека музичките натпревари го стимулираат страственото музицирање. За многу млади луѓе, тие се прво искуство на сцена и пред публика, свирење во ансамбли или надминување на традиционалниот школски репертоар. Секоја година, голем број на млади музичари учествуваат во нашиот натпревар. Мастеркласите и семинарите за време на истиот, се важен и постојан дел од музичкото образование на младите музичари. Целта на натпреварот е да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи на надарените ученици да станат професионални уметници.