22ри ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА МЛАДИ МУЗИЧАРИ “Охридски Бисери” 2023 – Охрид, Македонија

Интернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери” ќе се одржи од 15 до 19 јуни 2023 Охрид

Краен рок за пријавување е 20ти април.

ДИСЦИПЛИНИ

Соло:

Флејта

Обоа

Kларинет

Саксофон

Труба

Хорна

Камерна музика:

Дувачко дуо (два дувачки инструменти)

Клавирско трио (два дувачки инструменти и пијано)

Дувачки квартет

Дувачки квинтет

КАТЕГОРИИ

Учесниците можат да се натпреваруваат во следните категории според нивната возраст:

Категории за соло дувачки инструменти:

Преткатегорија              –  родени 2010 и помлади

А – категорија                –  родени 2008 и помлади

Б – категорија                –  родени 2004 и помлади

Ц – категорија                –  родени 1998 и помлади

Категории за камерна музика:

А – категорија                – родени 2008 и помлади

Б – категорија                – родени 2004 и помлади

Ц – категорија                – родени 1998 и помлади

ПРАВИЛА и ПРОПИСИ:

  • Натпреварот е отворен за музичари од сите националности.
  • Добитниците на гран при наградата „Охридски Бисери“ од изминатите изданија на натпреварот немаат право на повторно учество.
  • Натпреварот е јавен без надомест за Радио и ТВ снимање и репродукција, вклучувајќи и интернет трансмисија. Снимките се во трајна сопственост на организаторот и со нив ќе располага спрема неговите потреби.
  • Задолжителните композиции во солистичките дисциплини се изведуваат на памет.
  • Наградите се неделиви и се доделуваат на само еден натпреварувач (со исклучок во пред-категорија каде можат да бидат доделени повеќе награди).
  • Етапите се елиминаторни.
  • Не е дозволено повторување на едно дело во две етапи. На барање на организаторот натпреварувачот е должен да го достави нотниот текст на композицијата што ја изведува.
  • Секој натпреварувач ќе има термин за расвирување пред настапот.
  • Организаторот ќе обезбеди простор за вежбање од пристигнувањето во Охрид до времето на нивниот настап.
  • Натпреварувачите по доаѓањето во Охрид потребно е да се регистрираат во секретаријатот на натпреварот и тоа еден ден пред настапот.
  • Сите кандидати се должни по барање на организаторот пред настапот да приложат потврда за платена котизација.
  • Правилата и прописите на овој натпревар се објавени на два јазици – Македонски и Англиски. Македонскиот текст има приоритет во било каков спор во врска со толкувањето на правилата и прописите на овој натпревар.

ПРЕТСЕЛЕКЦИЈА

  • Соло категориите А, Б и Ц содржат и етапа за онлајн претселекција.
  • Соло преткатегорија и сите категории за камерна музика не содржат етапа за онлајн претселекција со што апликациите за тие категории се квалификуваат директно во натпреварувачкиот дел на натпреварот.
  • Програмата за претселекцијата е наведена во програмите за секоја поединечна дисциплина и категорија.
  • Програмата за претселекција треба да е снимена во видео формат (било каков квалитет, вклучително и снимки со телефон се дозволени) и закачена на Youtube. Линковите од снимката или снимките треба да се копираат и вметнат во соодветното поле на онлајн формуларот за регистрација.
  • Оние учесници кои ќе ја поминат педселекцијата и ќе се квалификуваат за учество во натпреварот ќе бидат известени по и-мејл.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ЖИРИ:

  • Натпреварот го следи интернационално жири од најмалку 5 члена составен од врвни музички педагози – ohridskibiseri.org.mk
  • Жирито работи по правилник во кој се опфатени сите сегменти на натпреварот .
  • На натпреварувачите не им е дозволена комуникација со членовите на жирито до завршување на натпреварот.
  • Членовите на жирито се обврзани да потпишат изјава со кои кандидати се во роднинска или педагошка врска во последните 12 месеци пред почетокот на натпреварот.
  • Членовите на жирито немаат право да оценуваат кандидати со кои се во роднинска или педагошка врска во последните 12 месеци пред почетокот на натпреварот.
  • Одлуките на жирито се неотповикливи.
  • Жирито има право да не ги додели сите награди.
  • По завршување на натпреварот секој учесник има право на разговор со членовите на жирито во врска со неговиот понатамошен развој.

КОРЕПЕТИТОР

  • Натпреварувачите сами обезбедуваат корепетитор.
  • Натпреварувачите кои не можат да обезбедат корепетитор ќе имаат на располагање професионални корепетитори за хонорар од:

30 евра Преткатегорија

40 евра A – категорија

65 евра Б – категорија

90 евра Ц – категорија

  • Овие натпреварувачи се должни да испратат копии во PDF од сите композиции кои ќе бидат изведени на натпреварот преку онлајн формуларот за пријавување.

ПАТНИ ТРОШОЦИ И СМЕСТУВАЊЕ

  • Натпреварувачите сами ги покриваат трошоците за пат и престој во Охрид.
  • Германската унија на саксофонисти АрДеСа ќе ги поддржи нејзините членови кои ќе земат учество во натпреварот „Охридски Бисери“.
  • За кандидатите што е потребна виза за влегување во Македонија, организаторот обезбедува гарантно писмо.

ПРИЈАВИ, ДОКУМЕНТИ И КОТИЗАЦИЈА

  • Краен рок за пријавување е 20ти април.

Потребни документи:

  • Пријава и кратка биографија на кандидатот;
  • YouТube линк од видео снимка со материјалот за претселекција (не важи за соло преткатегории и сите категории за камерна музика);
  • Фотокопија од пасош, лична карта или извод од матичната книга на родените;
  • Програма;
  • Фотографија (задолжително);
  • Адреса;
  • Е-mail и телефонски број;
  • Потврда за платена котизација на износ од:

Преткатегорија   30 евра

А – категорија      40 евра

Б – категорија       50 евра

Ц – категорија      60 евра

Камерна музика  30 евра по учесник во сите категории

  • Уплаќањето на котизацијата се врши исклучиво по електронски пат на нашиот веб сајт со помош на платежна картичка.
  • Соло категориите А, Б и Ц кои имаат претселекција треба да уплатат само 50% од котизацијата при нивната регистрација. Останатите 50% од котизацијата ќе ја платат само оние натпреварувачи кои ќе ја поминат претселекцијата и ќе се квалификуваат за учество на натпреварот. Уплаќањето ќе биде исто по електронски пат со платежна картичка.
  • Учесниците во преткатегорија, како и сите категории во камерна музика треба да го платат целиот износ на котизацијата при нивната регистрација.
  • Кандидатите без платена котизација нема да бидат земени во предвид.
  • Во случај на откажување котизацијата не се врака.
  • Пријавувањето ќе се одвива целосно и исклучиво преку Гугл формулар за пријавување на учесниците чиј линк ќе биде достапен на веб страната www.ohridskibiseri.org.mk

ДИПЛОМИ

  • Во сите дисциплини и категории ќе се доделат дипломи за освоено:

Прво место

Второ место

Трето место

Пофалница

  • Наградите во сите дисциплини во А, Б, Ц категорија се неделиви.
  • Сите учесници ќе добијат дипломи за учество.

ФИНАЛЕ:

  • Финален концерт (во понатамошниот текст финале) претставува финална етапа на натпреварот, каде натпреварувачите ќе имаат можност да освојат парични награди.

Солистички дисциплини:

  • Во финалето задолжително настапуваат кандидатите од A, Б, и Ц категорија кои освоиле прва награда, со по една композиција од зададената програма.

Камерна музика:

  • Во финалето задолжително настапуваат кандидатите од A, Б, и Ц категорија кои освоиле прва награда, со по една композиција од зададената програма.

Горе споменатите прво-наградени натпреварувачи се должни да настапат на финалниот концерт, во спротивно наградата ќе им биде одземена.

ПАРИЧНИ НАГРАДИ

  • Парични награди ќе се доделат на учесниците кои ќе настапат во финалето и ќе освојат:

    Прва награда:      Гран При  “Охридски бисери”
                                     Златна плакета      + 1500 евра

    Втора награда:    Сребрена плакета           + 1000 евра

    Трета награда:     Бронзена плакета           + 500 евра

    СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ

    Фестивалот „Охридско лето“ доделува награда за добитникот на Гран при на натпреварот – настап на „Подиум на млади“ кој се одржува во рамките на фестивалот.

    Фондацијата “Томислав Зографски” по предлог на комисијата доделува наградa за најдобра изведба на дело од композиторот Томислав Зографски  (како слободен интегриран дел во програмата).

    Наградата содржи  Диплома и Реплика на стар македонски национален накит.

    „Двајт и Урсула Мамлок фондација“ ќе додели „Урсула Мамлок специјална награда“ за најдобра изведба на композиција од Урсула Мамлок во сума од:

    • 300 € за еден добитник на наградата,
    • или по 200 € од добитник доколку жирито ја подели наградата на тројца учесници (по еден од дисциплините флејта, обоа, кларинет или саксофон)
    • или по 150 €  од добитник доколку жирито ја подели наградата на четворица  учесници (по еден од дисциплините флејта, обоа, кларинет или саксофон)

    РЕПЕРТОАР:

    За саксофон:

    Rückblick: In Erinnerungan die Reichspogromnachtvom 9. November 1938, 2002, fürSaxophon und Klavier (5‘30“)
    Auftragswerk der Temple University für Marshall Taylor
    UA: New York 2002, Marshall Taylor (Saxophon), Samuel Hsu (Klavier)
    Verlag: Boosey& Hawkes • Bote& Bock
    Aufnahme: EDA 901 und Bridge Records 9457

    За обоа:

    Five Capriccios, 1968, für Oboe und Klavier (ca. 6‘)
    UA: New York 1968, Judith Martin (Oboe), Joan Tower (Klavier)
    Verlag: C. F. Peters
    Aufnahme: Bridge Records 9360
    Polyphony No. 2, 1972, für Oboe oderEnglisch Horn (8‘)
    Verlag: Boosey& Hawkes • Bote& Bock

    За флејта:

    Variations, 1961, für Flöte (8‘)
    UA: New York 1962, Harvey Sollberger
    Verlag: McGinnis & Marx
    Aufnahmen: CRI 212, CRI CD 891, Opus One 72

    За кларинет:

    Polyphony No. 1, 1968, für B-Klarinette (8‘)
    UA: New York 1969, Jack Kreiselman
    Verlag: Boosey& Hawkes • Bote& Bock
    Aufnahme: Bridge Records 9293 und Naxos 8.559771

    Фамилијата на Волфганг Јакоби доделува специјална награда од 300 € за најдобра изведба на Сонатата за алтсаксофон и пијано од Волфганг Јакоби. (Bourne Co. Music Publishers  https://www.bournemusic.com/)

    Музичкиот издавач „Ries & Erler“ од Берлин ќе додели два купони од по 100 € (за набавка на ноти од нивната издавачка куќа) за најдобрите изведби на следните композиции:

    Густав Бумке: Соната оп. 68 за алт саксофон и пијано

    Мартина Ајзенрајх: “und tratst aus meinem Traume” за флејта и пијано

    Градителите на музички инструменти „Gebr. Alexander“ доделуваат специјални награди во износ од 500€, 300€ и 200€ за најдобри изведби на дела од В. А. Моцарт во следните дисциплини:

    • Хорна (сите категории)
    • Камерна музика (сите категории за состави во кои учествува и хорна)

    СОКОМ (Сојуз на композитори на Македонија) доделува награда од
    100 евра за најдобра изведба на композиција од Македонски композитор (како слободен дел од програмата) во избор од следниве композиции:

    СМУМ (Сојуз на музички уметници на Македонија) доделува награда на најдобрио рангирани македонски изведувачи.

    Наградата се состои од концерт во рамките на фестивалот “ЗЛАТНА ЛИРА“

    EMCY (European Music Competitions for Youth) доделува специјална награда за исклучителна музичка изведба. Наградата се состои уметничка графика од германски уметник Gottfried Jager и промоција на страната на EMCY.

    Сите додатни информации ќе ги добиете на телефон:

    Тел.       ++ 389 70 534 462  – Ѓорѓе Улишев

    ++ 389 70 217 762  – Борис Светиев

    Faks:     ++ 389 46 269 139

    е-мејл                  ohridskibiseri@yahoo.com

    Website:              www.ohridskibiseri.org.mk

    Адреса:               Основно Музичко Училиште “Методи Патче”
    ул. „Никола Карев“ бр. 4
    6000 Охрид
    Македонија