Почитувани учесници,

Поради неизвесноста во врска со пандемијата со Ковид-19 донесовме одлука за одложување на Меѓународниот Натпревар за Млади Музичари „Охридски Бисери“. Новиот датум за натпреварот ќе биде одреден по завршувањето на вонредната состојба во нашата држава.

Исто така ќе биде објавен нов рок за пријавување за сите нови натпреварувачи кои ќе сакаат да се пријават. Сите веќе пристигнати пријави ќе важат и за новиот датум на кој ќе се одржи натпреварот.

Следете ги објавите на секцијата за вести како и нашата Фејсбук страна за сите наредни известувања во врска со натпреварот.

Categories: Вести